Леонардо Бонучи немаше најпријатно второ враќање на „Сан Сиро“ во Милано, откако дел од навивачите решија дека треба да го исвиркуваат поранешниот фудбалер на Милан и додека е во националниот дрес.
Италија одигра само 0:0 со Португалија во Милано, откако португалската одбрана успеа да ги неутрализира „аѕурите“ и покрај доминацијата на теренот.
„Го дадовме нашиот максимум, со одлично прво полувреме и две три шанси кои мораа да резултираат со гол. По полувремето, тие ја сменија тактиката и не блокираа на средината на теренот. Бернардо Силва ги ’затвори’ Марко Верати и Жоржињо, но и покрај тоа имавме шанси“, вели Бонучи за „Раи спорт“.
Тој беше исвиркуван при секој допир со топката од навивачите на Милан, кои не заборавија дека тој помина само една сезона во нивниот клуб (кој го направи капитен), пред да се врати во Јувентус.
„Секогаш има идиоти. Но, јас имав доверба од селекторот и од моите соиграчи, така што тоа ми беше најважно“, изјави Бонучи.
Applausi per tutti gli azzurri, qualche fischio alla lettura del nome di Leonardo #Bonucci#ItaliaPortogallo pic.twitter.com/IYnTVZJAs3
— Renato Maisani (@RenatoMaisani) November 17, 2018