Top Sport

Фановите во очај – еве како Арсенал прави „пресинг“!

Навивачите на Арсенал се во целосен очај по катастрофалниот 5:0 пораз од Манчестер сити, по кој се „заковани“ на дното на табелата во Премиер лигата со три порази во првите три меча, а едно видео посебно ги „разбесни“ фановите по неверојатниот „пресинг“ кој го прават против одбраната на Сити.

Краткото видео од 23. минута ја покажува нивната „тактика“ – топката заврши кај голманот Едерсон, кој ја заддржа топката подолго време, без никаква закана од напаѓачите на Арсенал. Пјер-Емерик Обамејанг беше најблиску, но бувкално стоеше и гледаше наоколу низ теренот. Конечно, Букајо Сака реши да тргне, и Бразилецот ја исфрли топката.

Scroll to Top