Top Sport

Фантастичен финиш за прва победа на Лестер од почетокот на јануари

Лестер на Брендан Роџерс ја прекина лошата серија од пет меча без победа во Премиерлигата, откако со два гола во финишот на мечот славеа кај Барнли во заостанат меч од англиската лига.

Кога се веруваше дека Барнли успеа да извлече уште ден бод против силен противник, Џејмс Медисон во 82. минута од мечот ги донесе „лисиците“ во водство, пред Џејми Варди да ја потврди победата во 90. минута од мечот.

Лестер се само 12. во Премиерлигата со 30 поени, далеку од место кое води во Европа, додека Барнли остануваат во зоната за испаѓање на 18. место со 21 поен, еден помалку од 17-пласираниот Евертон.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top