Поранешниот менаџер на Норич, Даниел Фарке е новиот тренер на Борусија Менхенгладбах, каде што ќе го замени Ади Хитер, кој си замина по лошата сезона за „ждребињата“. 45-годишниот Германец потпиша договор до 2025 година.
Фарке, кој својата фудбалска кариера ја помина во пониските германски лиги, од 2009 до 2015 година беше спортски директор на малиот клуб Липштад, по што стана тренер на резервите на Борусија Дортмунд. Во 2017 година тој беше именуван за тренер на Норич, враќајќи ги во Премиерлигата. Следната сезона тие повторно испаднаа, но веќе следната сезона се вратија, по што доби отказ по слабиот старт на сезоната.
Во јануари 2022 тој беше поставен како тренер на рускиот Краснодар, но си замина во март по почетокот на војната во Украина, без да го предводи тимот на еден меч.