Баер Леверкузен стигна до „комотна“ 2:0 победа на гостувањето на „Мерцедес-Бенц арената“ кај Штутгарт во првиот меч од 15. коло од Бундеслигата, за да се искачат на четвртото место на табелата.
Каи Хаверц најдобро се снајде по уфрлената топка во шестнаесетникот на домаќините во 20. минута за да донесе водство за Баер, а во 80. минута триумфот беше потврден откако Ларс Бендер беше највисок во скокот по корнер за гостите од Леверкузен.
Ова е 10. меч во низа без пораз за Баер Леверкузен, кои се првиот тим кој оваа сезона триумфирал на гости кај Штутгарт.