Еден од најчудните и најнеочекуваните трансфери во летниот преоден рок беше позајмицата на ѕвездата на Барселона, Ансу Фати во Брајтон, со што тимот на Роберто де Ѕерби, кој веќе имаше сензационален успех минатата сезона, станува „џокер“ во Премиерлигата со огромни очекувања.
Самиот Фати, признава дека главната причина поради која го прифатил трансферот бил токму италијанскиот тренер, кој изненадува со својот напаѓачки стил на фудбал.
„Зборував со Де Ѕерби и тој ми кажа дека има целосна доверба во моите квалитети и искрено ми зборуваше за мојата игра. Тоа беше клучниот фактор. Тој беше главната причина што се одлучив да дојдам тука, начинот на кој зборува за фудбалот, за начинот на игра“, вели Фати.