Top Sport

Фати нема да игра за Шпанија У-17, го прераснал тоа ниво

Тинејџерската сензација од Барселона, Ансу Фати, минатата недела доби шпанско државјанство, но нема да настапи за Шпанија на Светското првенство за играчи до 17 години.

Шпанците заклучиле дека 16 годишниот Фати, кој игра за сениорскиот тим на Барселона, ја прераснал оваа генерација и тој ќе биде приклучен на репрезентацијата до 19 или до 21 година.

Според она што го пишува „Марка“, Фати би требало да ѝ биде приклучен на селекцијата до 21 година, која наредното лето ќе настапи на Олимписките игри во Токио. Целта е тој што подобро да се запознае со фудбалерите од оваа селекција.

Scroll to Top