Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слонова коска, Емануел Ебуе, обелодени дека бакротирал, дека веројатно ќе остане без својот дом и дека соругата му го „собрала“ сите пари. Покрај тоа имал и неколку не премногу паментни инвестиции, поради што останал без пари и немал сретства дурни ни да го плати својот адвокат.
Ебуе во кариерата со голем успех играше за Арсенал и Галатасарај, откако медиумите објавија низ каква голгота минута, самиот тој побарал помош од Здруженито на професионалните фудбалери во премиер лигата да најде работа.
За проблемите со кои се соочува ебуе дознал и легендарниот турнир тренер Фатих Терим кој веднаш му понудил да дојде да работи во Галатасарај.
Терим минатата недела по четврти пат се врати на клупата на еден од најпопуларните турски клубови. Во минатото тој соработуваше со Ебуе.
Се уште не е познато што точно поранешниот фудбалер би работел во клубот, но Терим веќе стапил во контакт со него и најверојатно тој ќе се пресели во Турција.