Легендарниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер вели дека би сакал да го види Хери Кејн во дресот на „црвените“, но се сомнева дека Јирген Клоп ќе добие толку голем буџет да го привлече англискиот капитен од Тотенхем.
Кејн побара трансфер од Тотенхем, и се верува дека повеќето англиски големи клубови се заинтересирани, но сумата од над 100 милиони евра најверојатно ќе го ограничи неговиот избор.
„Хери Кејн е еден од најисклучителните фудбалери во Премиер лигата, сите го знаеме тоа. Затоа ќе има многу клубови кои ќе го посакаат во својот тим. Дали ќе можат да си го приуштат, тоа е друга работа. Манчестер сити и Манчестер јунајтед, да, најверојатно би можеле да дадат толку пари, но не сум сигурен дека Ливерпул ќе бидат подготвени за таква цена“, вели Фаулер.