Top Sport

Фавр ќе добие отказ – ќе го наследи тренерот на Салцбург

Љубовта помеѓу Лусиен Фавр и Борусија Дортмунд се ближи кон крајот откако е јасно дека „милионерите“ нема да ја освојат титулата во Бундеслигата. Дортмунд минатиот вторник го загубија клучниот натпревар во борбата за титулата од Баерн (0:1).

Фавр успеа да сосдаде добар тим, но не успеа со него да се искачи на врвот. Поради тоа во Дортмунд му бараат замена.

Германците тврдат дека од наредната сезона на клуата на „милионерите“ ќе седне 46 годишниот Американец Џес Марш.

Марш во кариерата му бил помошник на Ралф Рагник во РБ Лајпциг, а на почетокот на оваа сезона го замени на клупата на Салцбург Марко Розе.

Американецот со Салцбург оствари забележителни настапи во Лигата на шампионите и е човекот кој на големата сцена го промовира напаѓачот Ерлинг Халанд.

„Норвешкото чудо“ во јануарскиот преоден рок од Салцбург се пресели токму во Борусија Дортмунд.

Scroll to Top