Top Sport

Феенорд и ПСВ во лудо реми на „Де кујп“

Лидерот во холандската Ередивизие, Феенорд успеа да извлече драматично 2:2 реми со ПСВ Ајндховен на Руд ван Нистелрој во една од најнеизвесните сезони во холандската Ередивизие во последните години.

Анвар Ел-Гази ги донесе ПСВ во водство уште во осмата минута од мечот, за во бурен меч со многу жолти картони и фаули, гостите да останат со играч помалку по црвениот картон на Армандо Обиспо 65. минута. И покрај ова, само три минути подоцна, новото засилување на ПСВ, Торген Азар зголеми на 0:2.

Херој на домаќините беше иранскиот напаѓач Алиреза Џаханбакш, кој прво намали на 1:2 во 82. минута, за во 97. минута да израмни на 2:2.

Феенорд сега имаат 43 поени на врвот на табелата, пред АЗ Алкмар со 41, „разбудениот“ Ајакс со 40 и ПСВ на четвртото место со 39 поени.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top