Top Sport

Фелаини го напушта Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, откако не успеа да постигне договор со челниците на екипата од „Олд Трафорд“.

Белгиецот не само што ќе го напушти Манчестер јунајтед туку ќе замине и од Премиер лигата. Интерес за неговите услуги покажале три тима од италијанската Серија А.

Не е познато како течат преговорите, но познато е дека Фелаини е трансфер цел на Наполи, Рома и Милан.

Фелаини кариерата ја започна во Стандард Лиеж, тој изминатите девет години играше во Англија, во Евертон и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top