Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини ќе ги тужи производителите на спортска опрема „Њу баланс“ за сума од 2.1 милиони фунти бидејќи поради лошиот квалитет на копачките му направиле „значителна штета“ на стапалата.
Белгиецот потпиша четиригодишен договор за спонзорство со „Њу баланс“ во 2012 година, но си замина за договор од 600.000 фунти годишно со „Најк“ пред стартот на минатата сезона, и според „Сан“ исто така пред Врховниот суд во Лондон за да бара отштета.
29-годишниот Фелаини тврди дека поради „слабиот квалитет“, копачките морале да бидат обработувани со пареа и влечени пред секој натпревар за тој да може да игра со нив. Како одговор на нова „Њу баланс“ во своите судски документи најде изјава во која Фелаини ги опишува копачките како „совршени“ и нарачува уште 12 пара.