Маруан Фелаини е еден од накритикуваните фудбалери на Манчестер јунајтед во ерата по Сер Алекс Фергусон, така што не беше чудно што тој стана Интернет сензација пред мечот со Јанг бојс, кога го „изгуби“ детето со кое требаше да излезе на теренот на „Олд Трафорд“.
Only Fellaini could lose a mascot before kickoff pic.twitter.com/1E7LFdkDHY
— Nooruddean (@BeardedGenius) November 27, 2018
Сепак, тој на крајот испадна херој на „ѓаволите“, откако постигна гол во последните моменти од мечот против швајцарскиот клуб за да обезбеди на неимпресивниот тим на Жозе Мурињо пласман меѓу најдобрите 16 во Лигата на шампионите.
По овој гол, најинтересна беше реакцијата на Мурињо на голот на својот „миленик“. Лудило!
Jose Mourinho’s reaction to Fellaini’s goal ?pic.twitter.com/GiStI4cvgs
— Troll Sports (@TroIISports) November 27, 2018
Реал се врати на победите во Рим, Фелаини во 91. минута ги однесе Jунајтед во осминафинале (видео)