Top Sport

Феликс блескаше, Атлетико го победи Салцбург

Жоао Феликс беше најдобриот играч на Атлетико Мадрид во победата над Салцбург од 3:2 во Лигата на шампионите. Младиот Португалец за својата игра доби комплименти од тренерот Диего Симеоне.

Атлетико, летото во 2019 година за Феликс на Бенфика им платија 126.000.000 евра. Симеоне очекува дека оваа сезона очекува големи работи од него.

Феликс, против Салцбург постигна два гола, вториот во 85 минута и му ја обезбеди победата на Атлетико.

„Се надевам дека можеме да му помогнеме, ако тој игра добро, подобар ќе биде и целиот тим. Ова е можеби неговиот најкомплетен настап откако е во клубот, меѓутоа имаше тој и претходно добри натпревари“, рекол Симеоне.

Жоао Феликс, од почетокот на сезоната, има одиграно седум натпревари, постигнал три гола и забележал две асистенции.

Scroll to Top