Top Sport

Феликс Феличевич, човекот кој ќе му донесе милиони на Алексис Санчез

Џеј Зи, славниот американски рапер, покрај тоа што направи милиони од музиката, минатата година заработи 14 милиони фунти како спортски агент на Кевин Дурент во НБА и Робинсон Кано во безбол-лигата. Веднаш зад него на листата на „Форбс“ за најуспешни е непознатото име на Фернандо Феличевич.

Аргентинецот, очигледно со балкански корени, заработи 13.5 милиони фунти од фудбалски зделки во 2017 година, а ако се верува на англиските медиуми, ќе заработи неверојатни 15 милиони фунти од само еден трансфер – тој на Алексис Санчез од Арсенал во Манчестер јунајтед.

За разлика од агентите и менаџерите со „голема уста“, како Мино Рајола, кој честопати се заканува на клубовите со кои неговите играчи имаат договори (како во случајот на Џиџио Донарума и Милан), Феличевич има репутација на пријателски „семеен“ човек, интернационален бизнисмен со врски во Јужна Америка и Шпанија и Италија.

Феличевич, откако доби диплома по маркетинг во Париз, се пресели во Чиле за да ја формира агенцијата во 2002 година (кога имаше само 33 години), со врски не во фудбалот, туку во рагбито, екстремно популарно во Франција, но во неговата татковина Аргентина.

Неговиот стар пријател, поранешниот фудбалер Пабло Ленци (кој поголемиот дел од кариерата играше во Чиле), му дал совет да ја смени кариерата.

Сега, со 39 фудбалери со него, преку еден од првите клиенти, Артуро Норамбуена, доби совет да погледне 15-годишен фудбалер во Кобрелоа, осумкратните чилеански шампиони со името Алексис Санчез, по што замина во неговиот роден град Токопилја во северно Чиле да се запознае со родителите и стана пријател со неговата мајка.

Првиот голем трансфер беше токму на Санчез – Удинезе го купи за 1.7 милиони фунти во април 2006 година. По ова следуваше трансферот во Барселона (за 23 милиони фунти во 2011), во Арсенал (30 милиони фунти во 2014) и сега најверојатно на „Олд Трафорд.

Покрај Санчез, Феличевич е одговорен за кариерите на Артуро Видал (Баерн Минхен), голманот Клаудио Браво (Манчестер сити), Гери Медел (Бешикташ) и Чарлс Арангуиз (Баер Леверкузен).

„Форбс“ го нарече Феличевич „кралот на јужноамериканскиот фудбал“, но по сè изгледа тој само што почнува со „големиот бизнис“.

 

Scroll to Top