Номинациите што ги објави ФИФА за фудбалер на годината предизвикаа лавина од коментари по медиумите и социјалните мрежи. Забелешките се дека не примерно во изборот да го нема Лионел Меси.
Аргентинецот, по 12 години, нема да биде во конкуренција за играч на годината. Оваа година за наградата на ФИФА конкурираат Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.
„Во конкуренција за наградата треба да бидат наjдобрите фудбалери, а според мене Меси е најдобриот. Сега и наназад низ годините е најдобар. Во оној момент кога тој нема да ја добие наградата за најдобар играч во светот, наградата го губи својот кредибилитет. Меси нема конкуренција“, рекол левиот бек на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис.
ФИФА наградата за најдобар играч во светот ќе ја врачи на свечена церемонија, што ќе се одржи на 23.септември во Лондон.