Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид Фелипе Луис се врати во татковината каде потпиша договор со Фламенго, објави ЕСПН.
Со завршувањето на минатата сезона, заврши и договор на 33 годишниот лев бек со Атлетико. Клубот не му понуди нов договор, а тој иако се поврзуваше со Барселона, реши да се врати во Бразил.
Желбата на Фелипе Луис била кариерата да ја заврши таму. Со Фламенго потпишал две и пол годишен договор.
„Фламенгуиста сум уште од детството. Одлуката да замина од Атлетико не беше лесна, но сакам кариерата да ја завршам во Бразил“, рекол Луис.
Фелипе Луис со Атлетико ги освои сите значајни трофеи, исклучок е само трофејот во Лигата на шампионите, а бил и шампион со Челси во Премиер лигата. За Атлетико одиграл 333 натпревари.
Пред неколку недели со Бразил ја освои Копа Америка 2019. За Бразил одиграл 44 натпревари и постигнал два гола.