Поранешниот фудбалер на Јувентус, Интер, Фиорентина и Галатасарај Фелипе Мело за бразилските медиуми открил како во националниот тим пред дуелот со Аргентина се подготвувале да го сопрат Лионел Меси.
„Тој е страшен фудбалер. Кога игравме против Аргентина заклучивме дека сите треба да го удриме по еднаш за да можеме да го задржиме. Договорот беше да се ротираме, за да може секој да го удри по еднаш. Целта ни беше да не му дозволиме да влезе во ритам, а не да го повредиме. Не постои начин да чувате таков играч“, рекол Мело и дополнил.
„Моравме врз него да правиме тактички прекршоци. Кога не успевавме да му го разбиеме ритамот тогаш го фаулиравме“.