Top Sport

Фенер-Бешикташ ќе продолжи без навивачи

Турската фудбалска федерација одлучи натпреварот од полуфиналето на купот меѓу Фенербахче и Бешикташ да продолжи пред празни трибини од моментот кога било прекинато, по немилите сцени минатата недела.

По првиот меч, кој заврши 2:2, Фенер го пречека Бешикташ и по една мешаница на теренот, тренерот на Бешикташ Сенол Ѓунеш беше погоден со предмет од трибините, по што 30 луѓе беа уапсени.

Натпреварот стана тензичен откако Бешикташ остана со играч помалку по црвениот картон на Португалецот Пепе, по што фановите почнаа да фрлат со предмети кон играчите на Бешикташ, а нивниот резервен голман почна да се расправа со публиката.

Мечот ќе продолжи од 57. минута на 3 мај.

Хаос во Истанбул, Ѓунеш погоден, дербито Фенер-Бешикташ прекинато (видео)

Scroll to Top