Top Sport

Фенер со луд пресврт за две минути, Трабзон останува на врвот (видео)

Денеска, конечно, се рестартираше и Турската Суперлига со два меча, во кои Фенербахче и Трабзонспор продолжија со вообичаената форма.

Фенербахче, дома беше на чекор од неочекуван пораз од последнопласираниот Кајзериспор под водство на Роберт Просинечки, пред во две минути да стигне до 2:1 победа, додека Трабзон со 3:1 победи кај Гозтепе за да се зацврсти на првото место на табелата.

Мечот започна лошо за Фенер, откако уште во 14. минута Озан Туфан доби црвен картон, по што во 59. минута, Бернар Менса постигна фантастичен гол од слободен удар. Меѓутоа, финишот им припадна на домаќините. Ведат Муриќи од пенал во 86. минута израмни на 1:1, пред Луис Густаво само две минути подоцна да донесе три поени за Фенер за да останат на седмото место на табелата.

Трабзон пак, и покрај тоа што едно полувреме играше со играч помалку по црвениот картон на Гијерме, стигна до 2:1 победа. Нигериецот Ентони Нвакаеме ги донесе гостите во водство во 16. минута, а во 52. минута Кејлеб Екубан зголеми на 0:2 од пенал. Гозтепе успеа да намали, исто така од пенал во 57. минута, пред Беркан Емин да си постигне автогол за конечни 1:3 во 84. минута од мечот.

Scroll to Top