Top Sport

Фенербахче не планира да се извинува на Украинците

Претседателот на Фенербахче, Али Коч, отфрли можност неговиот клуб да се извинува на Украина, откако навивачите на турскиот клуб на неодамнешниот меч од квалификациите на Лигата на шампионите против Динамо Киев го извикува името на рускиот претседател Владимир Путин.

Фенер загуби со 1:2 на домашен терен во драматичен меч и беше елиминиран од натпреварувањата, но најмногу внимание предизвика реакцијата на публиката по голот на Виталиј Бујалскиј, кој наводно ги провоцираше навивачите на Фенер, кои одговорија со извиците за рускиот претседател. УЕФА најави истрага за случајот, но во Фенербахче сакаат политиката да ја држат поделаку од спортот.

„Ние нема да се извиниме на Украина. По изјавите кои ги дадоа од Украинското министерство за надворешни работи и изјавата на нивниот амбасадор, тие треба да ни се извинат нас. Зборуваме за 20 секунди кои се случија по првиот гол, а не по крајот на нтпреварот. Зошто таква реакција? Пред мечот да почне, нивниот голман кој играше во Турција реши да ги провоцира навивачите. УЕФА не смее да има двојни стандарди, а политиката и спортот не се едно исто. УЕФА не дозволи турската репрезентација да носи црни ленти по несреќата во Сирнак во 2007, но дозволи Италијанците да направат ист потег за нивните војници во Авганистан“, вели Коч.

Ова доаѓа откако украинскиот амбасадор во Турција преку Твитер порача: „Нашите вооружени сили го совладаа Путин со 2:1 на турска страна. Препорачуваме турските фанови да бидат на победничката страна“.

УЕФА покрена истрага за скандирањето „Путин“ на навивачите на Фенербахче

Scroll to Top