Top Sport

Фенербахче се заинтересирани за двајца играчи на Барселона

Турскиот великан Фенербахче покажува сериозен интерес за двајца играчи на Барселона кои не успеаја да се изборат за место во тимот од „Ноу Камп“. Фенербахче во пакте сака да ги донесе централните дефанзивци Жан Клер Тодибо и Муса Ваг.

Барселона за Тодибо бара 25 милиони евра, за за Ваг 10 милиони евра. Тодибо вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Шалке, а Ваг цела сезона играше во Ница.

Доколку постигнат договор со Фенербахче. Барселона ќе заработи добра сума бидејќи за Тодибо платија милион евра, а за Ваг пет милиони евра.

Шалке и Ница немаат пари да ги откуат нивните договори.

Scroll to Top