Фудбалерите на Тотенхем одиграа 2:2 против Рочдејл во осминафиналето на ФА купот. Патникот во наредната рунда ќе биде познат откако двата тима ќе одиграат уште еден натпревар, во кој Тотенхем ќе биде домаќин.
Тотенхем, кој во последните три сезони се наметнува како кандидат за титулата во Премиер лигата, не успеа да го совлада Рочдејл тим кој во Лига 1 се наоѓа на последното место.
Рочдејл изненадувањето го најави во 45.минута кога Хендерсон ја затресе мрежата на фаворитот. Тотенхем во вториот дел успеа да направи пресврт со головите на Лукас Моура во 59.минута и Хари Кејн од пенал на две минути до крајот на мечот.
Сепак борбените играчи на Рочдејл израмнување и нов меч на „Вембли“ изборија со голот на Стивен Дејвис во третата минута од судиското надополнување на времето.
Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра против подобриот од повоторениот меч што ќе го одиграат Свонси и Шефилд Венздеј.