Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, долгогодишниот капитен на Арсенал, Тони Адамс и голманската легенда на Челси, Петр Чех влегоа во Куќата на славните на Премиерлигата, како фудбалери кои ги одбележаа 1990-тите и 2000-тите во англиската елита.
Фердинанд пристигна на „Олд Трафорд“ во 2002 година од Лидс, во тогаш рекорден трансфер за британски фудбалер откако произлезе од академијата на Вест хем. Тој освои шест титули од Премиерлигата со Јунајтед, влучувајќи три во низа од 2007 до 2009 година, со вкупно 504 настапи во 20 лигашки сезони.
Адамс, познат како „Господин Арсенал“, дебитираше за „топчиите“ во 1983 година и остана во клубот од 2002 година, освојувајќи четири титули со најдобрата генерација на ондонскиот клуб.
Чешкиот голман, Петр Чех останува најуспешниот голман во историјата на Премиерлигата, со рекордни 202 меча без примен гол. Тој играше за Челси од 2004 до 2015 година, период во кој четири пати ја освои „златната ракавица“ во Англија.
Tony Adams’ journey, in his own words.#PLHallOfFame | @TonyAdams pic.twitter.com/ukhs1OVmo3
— Premier League (@premierleague) May 3, 2023
Petr Cech’s journey, in his own words.#PLHallOfFame | @PetrCech pic.twitter.com/aOgtUqsV5I
— Premier League (@premierleague) May 3, 2023
Rio Ferdinand’s journey, in his own words.#PLHallOfFame | @rioferdy5 pic.twitter.com/L9s9Yez27A
— Premier League (@premierleague) May 3, 2023