Специјализираниот фудбалски магазин „4-4-2“ ги избра најдобрите одбрамбени играчи во историјата на Премиер лигата. Број 1 според магазинот е Рио Фердинанд, кој е еден од тројцата играши што го носеле дресот на Манчестер јунајтед, а кој се наоѓа меѓу најдобрите десетмина.
Рио Фердинанд и неговиот долгогодишен партнер во последната линија на Манчестер јунајтед Немања Видиќ високо котираат на листата на „4-4-2“. Фердинанд е на првото место, а Видиќ на третото. Втор е долгогодишниот капитен на Челси, Џон Тери.
Магазинот потенцира дека Фердинанд и Видиќ дале голем придонес во освојувањето на трите шампионски титули во трите последовни сезони (2007, 2008, 2009).
„Кога Манчестер јунајтед ги освојуваше трите титули во низа, бројот на примени голови изнесуваше 27, 22 и 24. Едвин ван дер Сар има големи заслуги, но цврстината на одбраната зависеше од Фердинанд и Видиќ. Тие двајца беа прекрасна комбинација на челичен и грациозен дефанзивен бедем“, стои во описот на магазинот.
Покрај Фердинад, Тери и Видиќ, во првите десрт уште се и легендарниот капитен на Арсенал Тони Адамс, потоа Јап Стам (Манчестер јунајтед), Марсел Десаи (Челси), Сол Кембел (Тотенхем/Арсенал), ледли Кинг (Тотенхем), Џејми Карагер (Ливерпул) и Венсан Компани кој се уште е активен во дресот на Манчестер сити.