Рио Фердинанд, како поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, признава дека е тешко да се избере страна помеѓу Манчестер сити и Ливерпул во борбата за титулата во Премиер лигата, но на крајот сепак, вели дека многу повеќе би болело доколку Ливерпул стане шампион.
„Тоа е најлошото сценарио за некој кој ги сака Манчестер јунајтед или играл за Манчестер јунајтед, но морам да зборувам. Подобро од двете зла е Манчестер сити, бидејќи тоа сум го видел, сум го искусил. Го видов како фудбалер и како навивач, така што можам да се носам со емоциите“, вели Фердинанд за „Мирор“.
40-годишниот поранешен дефанзивец не заврши тука, туку мораше да упати и „боцка“ кон навивачите на Ливерпул.
„Има навивачи кои не сум знаел дека навивале за Ливерпул бидејќи се вратија од шумата по 20 години во кои беа тивки и сега почнаа да зборуваат пред да освојат било што. Ќе боли повеќе тие да ја освојат титулата, но на крајот, кој ќе биде подобар тој ќе ја заслужи“, додава Фердинанд.