Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд рекол дека Феранадо Торес е единствениот фудбалер кој редовно на теренот му правел проблеми на Немања Видиќ.
Партнерството помеѓу Фердинанд и Видиќ, во централниот дел на одбраната на Манчестер Јунајтед е едно од најуспешните во фудбалот во изминатите две децении.
Видиќ кого фановите на Јунајтед го нарекоа „стена“ тешко излегувал на крај со Торес. Неколку пати бил и исклучен на дуелите помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Некои играчи секогаш играа на крилните позиции, бегаа од нас двајца. Сепак во кариерата секогаш ќе имаш еден играч против кого ти било тешко да играш. Можеби тој играч не бил најдобар во светот, но неговиот стил ти правел проблеми. За Вида тоа беше Торес. Тој е единствениот фудбалер кој редовно го мачеше Вида“, рекол Фердинанд.