Top Sport

„Ферги ме нарекува будала, а што се неговите Фердинанд, Гигс, Руни“

Пол Гаскоњ веројатно е најконтроверзниот англиски фудбалер на сите времиња. Мајстор со топката кој никогаш не ги достигнал височините за кои стручњаците веруваа дека ќе се искачи поради „лудата глава“.

Популарниот „Газа“ се потсетил на 1998 година и текот на преговорите со Манчестер Јунајтед. Во тоа време Гаскоњ бил играч на Тотенхем.

Тој му ветил на Алекс Фергусон дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“, меѓутоа се премислил кога тогашниот претседател на Тотенхем Ирвинг Шолар на неговите родетиле им купил куќа во вредност од 120.000 фунти.

„Фергусон тврди дека се ќе беше поинаку доколку потпишев за Јунајтед. Мислеше дека сум будала“, рекол за „АСтлетик“ Пол Гаскоњ.

Фергусон никогаш не му простил на Гаскоњ, поради што лошите односи помеѓу нив двајца се уште траат. Поради тоа Газа го потсетил Фергусон на некои играчи кои играле за него.

„Рио Фердинанд бегаше од тестот за дрога. Ерик Кантона удри некоја будала во публиката. Вејн Руни имаше с..с со баба, а Рајан Гигс спиеше со жената на својот брат. Па тоа е е..н пекол човеку. И сега тој има нешто мене да ми каже“, рекол Гаскоњ.

Scroll to Top