Top Sport

Фергусон: Да дојдеше кај нас Гаскоњ ќе имаше величествена кариера

Алекс Фергусон, во еден подкаст, говорел за фудбалерите кои ги сакал да ги води во Манчестер јунајтед, но не успеал да ги реализира нивните трансфери.

Посебно му е жал што никогаш во кариерата не го тренирал Пол Гаскоњ. Контроверзниот фудбалер, преговарал со Манчестер јунајтед во 1988 година. Газа својата автобиографија, пишува дека му ветил на Алекс Фергусон, дека ќе потпише за Јунајтед, на крајот трансферот пропаднал, а Газа се преселил во Тотенхем.

„Секогаш се враќам на само едно име, Пол Гаскоњ. Беше апсолутно фантастичен. Да дојдеше кај нас мислам дека ќе имаше величествена кариера. Не велам дека немаше добра кариера, но со нас ќе имаше уште подобра“, рекол Фергусон.

„Имавме во тимот и други луѓе од неговиот крај (североисток на Англија) како Брајан Робсон и Стив Брус, односно сер Боби Чарлтон…Сер Боби ќе му беше фантастичен ментор, бидејќи беше фантастичен човек“, заклучил Фергусон.

Scroll to Top