Top Sport

Фергусон досега ќе го „исшутираше“ Погба

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Џонатан Спектор им порача на првите луѓе на „ѓаволите“ да се ослободат од Пол Погба, посочувајќи дека досега Сер Алекс Фергусон сигурно ќе го избркал Французинот.

Сагата околу желбата на Французинот да си замине од „Олд Трафорд“ кулминираше последните неколку недели откако и неговиот агент, Мино Рајола (кого Фергусон еднаш го нарече „гомноглав“) изјави дека сите во клубот знаат дека тој сака друг клуб.  Ова доаѓа кога се мислеше дека желбата на Погба е услишана со отпуштањето на Жозе Мурињо и доаѓањето на Оле Гунар Солскјер. Поранешниот американски репрезентативец Спектор вели дека Фергусон би го „решил проблемот“ како кога го пушти Погба да замине на слободен трансфер во Јувентус.

„Погба, несомнено, е голем фудбалер, но веќе еднаш си замина од клубот и јасно е дека сака да оди понатаму. Не сум сигурен дека се работи за тип на фудбалер кого сакате да го заддржите. Тој е голем кога игра добро, но очигледно е тип на фудбалер кој сака да се сели. Не би сакал да зборувам за Фергусон, но сигурен сум дека досега тој ќе го избркаше од клубот“, вели Спектор.

Scroll to Top