Top Sport

Фергусон ќе биде на клупата во „репризата“ од финалето на ЛШ во 1999? (видео)

Aнглиските медиуми тврдат дека Манчестер јунајтед сакаат да ја одбележат 20-годишнината од славниот триумф во Лигата на шампионите над Баерн Минхен со специјален меч на легендите, со Сер Алекс Фергусон на клупата.

Откако се опорави од мозочниот удар минатиот мај, 76-годишниот Шкотланѓанец во септември се врати на мечевите на Јунајтед на „Олд Трафорд“ и бил подготвен за улогата за мечот кој ќе собере пари за добротворната фондација на клубот.

Според шпекулациите на „Сан“, двата клуба ќе ги вратат сите 22 фудбалери кои играа во мечот, вклучувајќи ги Дејвид Бекам, Рајан Гигс и Теди Шерингам на 26 мај, точно 20 години откако сегашниот менаџер на Јунајтед, Оле Гунар Солксјер го постигна славниот гол за обезбедување на тројната титула. Солскјер играше 11 години под легендарниот Шкотланѓанец.

Scroll to Top