Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, открил дека имал влијание во трансферот на Криситијно Роналдо.
Фергусон беше еден од оние кои го гледа дуелот со Њукасл, на кој Роналдо постигна два гола, а „црвените ѓаволи“ победија со 4:1.
„Многу луѓе беа вклучени во трансферот и јас имав свој придонес. Знаев дека Кристијано има желба да се врати, тоа е важно. Целата работа беше добро одработена. Не би рекол дека сум емотивен, за мене возбудување и воедно олеснување, не би можел да замислам да заигра за Манчестер сити. Разговарав со сосптвениците на крајот се добро се заврши. Мислам дека тој ќе има големо влијание, особено врз младите играчи, има искуство да се носи со целата ова ситуација“, рекол Фергусон.