Top Sport

Фергусон не планирал Бекам да ја носи „седумката“ во Јунајтед

Дејвид Бекам, легенда на Манчестер јунајтед, во клубот од „Олд Трафорд“ настапуваше во периодот од 1993 до 2003 година. Препознатлив по својот имиџ и бројот 7 на грбот. Седумката е посебен број во Манчестер јунајтед, Бекам ја наследи од Ерик Кантона, а потоа ја носеше Кристијано Роналдо, сега е во сопственост на Алексис. Пред нивја носеле Џорџ Бест и Брајан Робсон.

Меѓутоа малку е познато дека тогашниот менаџер сер Алекс Фергусон планирал седумката да му ја даде на друг фудбалер, не на Бекам.

До повлекувањето на Ерик Кантона, Бекам во Манчестер јунајтед сменил четири броја (28, 24, 15, 10). Со заминувањето на Кантона, Бекам го сакал неговиот број, но Фергусон во тој дрес гледал друг играч, Рој Кин.

„Кога Кантона го напушти клубот се водеше дебата кој ќе ја земе капитенската лента и секако неговата седумка. Фергусон ме повика во својата канцеларија и ми кажа дека сака јас да го земам тој број. Меѓутоа јас без рамнодушен по тоа прашање. Од друга страна знаев дека Бекам сонува за тој дрес“, рекол Рој Кин.

„Тогаш му реков на Фергусон: ’Не, дајте му ја седумката на Бекс’. Тој е…о ја сака седумката, а јас го сакав својот број 16. Во тој дрес се чувствував конфорно, го носев од првиот ден во клубот. На крајот Бекам навистина ја доби седумката. Тоа беше вистински потег“, завршил поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“, Рој Кин.

Scroll to Top