Top Sport

Фергусон одбил да оди во Реал, сака да седне на клупата на Евертон

Легендата на Евертон, Данкан Фергусон ја одбил понудата на Карло Анчелоти да го следи во Реал Мадрид и да му биде помошник кај „кралевите“, бидејќи се надева дека ќе го добие тренерското столче во клубот од Ливерпул.

49-годишниот Шкотланѓанец беше дел од тимот на Анчелоти на „Гудисон парк“ и по шокантното заминување на Италијанецот, добил понуда да го следи во Шпанија, но тој решил да остане и да се бори за главното тренерско место во клубот, каде што помина 10 години како фудбалер. Досегашниот тренер на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е фаворит за местото, но Фергусон очекува тој да добие шанса.

Анчелоти со себе ги понесе клучните луѓе во неговиот тим, вклучувајќи го и синот Давиде, шокирајќи голем број од фудбалерите на тимот, посебно Ришарлисон и Хамес Родригез, кој потпиша со Евертон по убедување на Италијанецот.

Scroll to Top