Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон му оддаде голема почест на својот поранешен фудбалер Пол Сколс преку посебно видео кое беше пуштено во четвртокот навечер на гала-вечера во чест на фудбалерот.
Сколс помина 20 години во Манчестер јунајтед и само легендите Рајан Гигс и Боби Чарлтон имаа повеќе настапи за „ѓаволите“, и тој доби посебна вечера во организација на Асоцијацијата на поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед. Сколс освои 11 титули од Премиер лигата, три од ФА купот, две од Лигата на шампионите и две од Лига купот.
Фергусон, кој се опоравува од мозочниот удар во мај, не можеше да присуствува на чествувањето, но преку видео прати порака до еден од неговите најдобри фудбалери.
„Кога тој дојде со нас на 13 години имаше метар и пол и се сомневавме дали ќе порасне. За среќа, тој прерасна во фудбалер каков што сите знаеме. 718 натпревар и 155 голови, навистина фантастична кариера. Тој беше апсолутно совршен фудбалер за мене. Фудбалери како Чави, Иниеста и Пирло кажуваа дека тоја е најдобриот англиски фудбалер на сите времиња“, велеше 76-годишниот Фергусон.
Sir Alex can’t be here tonight but has sent a message. pic.twitter.com/PGDskZOjI3
— Ian Stirling (@Stirling061) September 20, 2018