Top Sport

Фергусон уште во 2012 знаеше каков играч е Лингард

Џеси Лингард постигна уште еден гол, негов седми во последните девет меча од Премиер лигата за Манчестер јунајтед, за англискиот репрезентативец да стане еден од најфалените играчи на „Ѓаволите“.

25-годишниот Лингард, кој во кариерата беше позајмен играч во Лестер, Бирмингем, Брајтон и Дерби, оваа година стана еден од клучните играчи во тимот на Жозе Мурињо.

Еден од луѓето кои секогаш го знаеја потенцијалот на Лингард беше легендарниот менаџер на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој уште во 2012 за „Манчестер ивнинг њуз“ направи прогноза.

„Џеси Лингард ќе биде голем фудбалер. Тој има 19 години, помина низ нашиот младински тим, а е граден како Жан Тигана. Но, и Тигана никогаш не доби шанса додека не наполни 23-24 години. Истото ќе биде и со Џеси. Тој е еден од фудбалерите за кои имам голема надеж“, изјави тогаш Фергусон.

Scroll to Top