Top Sport

Фернандеш: Манчестер јунајтед имаат менталитет за титула

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш не губи доверба во својот клуб и покрај лошиот старт на сезоната, велејќи дека оваа сезона може да се стигне до титула од Премиер лигата.

„Ѓаволите“ последен пат славеа дома во 2012/13, последната сезона под Сер Алекс Фергусон, по што следуваа фрустрирачки сезони во кои лутите ривали Манчестер сити и Ливерпул направија тимови кои доминираат во лигата. Лани Јунајтед стигнаа до третото место во лигата и до полуфиналињата во ФА купот и Лига Европа и Фернандеш, кој пристигна во јануари вели дека постои менталитет за големи работи.

„Мене не ми се важни другите тимови. Луѓето ќе кажат дека се подобри од нас, дека имаат подобри први 11, дека на клупата имаат подобри играчи… Нека зборуваат што сакаат. За клуб како Јунајтед, ова е долг период без титула, навистина предолг. Затоа цел тим имаме менталитет дека сме тука за да победиме. Дојдов во Манчестер по трофеи бидејќи играм во еден од најголемите клубови во светот“, вели Фернандеш.

Scroll to Top