Top Sport

Фернандеш одбил „луди“ пари од Саудиска Арабија, сака да е капитен на Јунајтед

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш одбил „луда“ понуда од Саудиска Арабија бидејќи е посветен на Манчестер јунајтед и се надева дека ќе стане нов капитен на „ѓаволите“, тврди експертот за трансфеери, Фабрицио Романо.

Карим Бензема, Рубен Невеш и Роберто Фирмино се меѓу големите фудбалски ѕвезди кои прифатија трансфери во Саудиската Про лига, а понуди има и за други ѕвезди како Ријад Маре, но според Романо, Португалецот успеал да одолее на богатата понуда.

„Пред неколку месеци, на крајот на мај, дел од саудиските клубови контактираа со Бруно Фернандеш давајќи луди пари. Но, идејата на Бруно остана иста – нема шанси, тој сака да остане во Манчестер и да победува со Јунајтед. Смета дека проектот конечно оди во вистинска насока и сака да биде важен играч во тимот, можеби клучен како капитен“, вели Романо.

Scroll to Top