Top Sport

Фернандез со два гола ги „реши“ Хетафе (видео)

Карлос Фернандез постигна два гола во последните 20 минути од мечот за Гранада да успее да го совлада Хетафе со 2:1 со интересен пресврт во вториот меч по рестартот на Ла лига. Уште поинтересно, Фернандез е позајмен фудбалер од Севилја, клуб кој е во директна трка со Хетафе за место во Лигата на шампиони.

Хетафе дојде во водство во 20. минута од мечот, и кога изгледаше дека гостите ќе стигнат до важна победа која ќе ги искачи на четвртото место на табелата, Фернандез во 70. и 79. минута направи комплетен пресврт.

Хетафе остануваат петти со 46 поени, исто колку што има и четвртопласираната Севилја, додека Гранада се на осмото место со 41 поен.

Scroll to Top