Највозрасниот фудбалер на Манчестер сити, Фернандињо, ќе добие нов договор од клубот. 34 годишниот Бразилец ќе ја продолжи соработката со „граѓаните“ за уште една сезона.
Иако има 34 години за Фернандињо интерес покажале неколку клубови. Менаџерот Пеп Гвардиола нема намера да го пушти особено кога се знае какви проблеми има со повредите на дефанзивците од почетокот на сезоната.
Фернандињо иако е играч од редот за врска, сезонава најчесто игра во последната линија поради повредите на Лапорт и Стуонс.
Поранешниот бразилски репрезентативец ќе остане во Сити до крајот на сезоната 2020/2021.