Бразилскиот селектор Тите открива дека ѕвездата на Манчестер сити, Фернандињо ветил на неговото семејство дека нема да се врати во репрезентацијата поради заканите и навредите кон нив по Светското првенство во Русија.
Тите за „Спорт ТВ“ открива дека стапил во контакт со Фернандињо по СП за да го повика за пријателските мечеви, но 33-годишниот ветил на семејството дека таа работа е завршена.
„Првиот фудбалер кој сакав да го повикам по Светското првенство беше Фернандињо. Број 1. Тој е неверојатен фудбалер, го дава својот максимум. Горд сум што имам човек со такво достоинство и професионализам“, вели Тите.
Фернандињо беше дел од тимот кој загуби со 7:1 од Германија во полуфиналето на СП во 2014 и си постигна автогол против Белгија во четврт-финалето во Русија во јули, по што Белгија победи со 2:1.
„Бев да разговарам лично со него, но тоа беше неговиот одговор. Се надевам дека ќе се врати во тимот“, вели Тите.
Фото: ЕПА