Top Sport

Фернандо Јеро нов спортски директор на шпанската федерација

Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) потврди дека легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро е новиот спортски директор на федерацијата по состанокот на федерацијата во Лас Розас.

Јеро се враќа на позицијата која ја држеше од 2007 до 2011 година, период на најдобрите успеси на шпанската репрезентација – победата на Евро 2008 година со Луис Арагонес како тренер и триумфот на СП во 2010 година со Висенте дел Боксе на кормилото.

Јеро има над 500 настапи за Реал Мадрид, а и 90 настапи за шпанската репрезентација, настапувајќи на четири СП и две ЕП.

Scroll to Top