Јан Фертонген вели дека Тотенхем заслужуваат да стават крај на „сушата“ на трофеи и се надева дека ќе стигнат до еден оваа сезона.
Лондонскиот куб последен пат освои титула во 2008 година кога го освоија Лига купот, но беа елиминирани од ова натпреварување минатата недела по поразот од Челси на пенали. Тимот на Маурисио Почетино веќе е девет поени зад лидерите во Премиер лигата, Ливерпул, и иако остануваат во игра во Лигата на шампионите, нивна најдобра шанса за трофеј најреално е во ФА купот, каде што играат со Кристал палас во четврото коло денеска.
„Секако, сите сме разочарани што не влеговме во финалето, но тоа не зближи како тим. Важно е да се освојуваат работи. Не знам колку години поминаа, но се надевам дека оваа година ќе успееме. Штета, бидејќи овој тим заслужува многу повеќе, но има премногу силни тимови во трка за еден трофеј. Последните пет години немавме многу среќа и ќе биде голема штета ако не успееме наскоро“, вели Фертонген.
Фото: ЕПА