Top Sport

ФФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварите со Грузија и Гибралтар

Фудбалската федерација на Македонија преку „Mk Tickets“, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на националниот тим против Грузија и Гиибралтар. Натпреварите ќе се одиграат на 9. и 12. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на Групата 4, во Ц-дивизијата во Лига на нации.

Влезниците се продаваат по цена од 25 денари за северната трибина, 250 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350 денари за централните блокови 3 и 4 од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.

Scroll to Top