Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја користи ВАР технолигијата на Светското првенство во Русија и започнала преговори со компаниите кои се заинтересирани да ја спонзорираат оваа технологија, објави агенцијата АП.
Ова ќе биде прв пат на најголемата фудбалска смотра да биде користена видео технологија која на судиите треба да им помогне да ги решат спорните ситуации.
Директорот за деловен развој на ФИФА Филип Л’Флок рекол дека „ВАР дефинитивно ќе се употребува“ на СП и дека е сигурен „дека е добро што технологијата влегува во фудбалот“.
Разговарајќи дали ВАР заедно со спонзор ќе натстапи на СП, Л’Флок рекол дека „ќе разговара со различни технолошки компании кои биле заинтересирани за она што ФИФА го бара во видео технологијата“.