ФИФА одлучи да го прошири составот на репрезентациите за Мундијалот во Катар од 23 на 26 фудбалери, како последица на пандемијата на КОВИД-19 и на невообичаениот термин на Светското првенство. За разлика од претходните првенства, овојпат Мундијалот ќе биде „зимски“, односно ќе стартува на 21 ноември, а ќе заврши на 18 декември.
„Бидејќи е потребна дополнителна флексибилност поради уникатниот тајминг на Светското првенство 2022 во глобалниот фудбалски календар, како и поради ефектите од пандемијата на КОВИД-19 на репрезентациите, максималниот број на фудбалери на отпусната листа се зголемува од 35 на 55, а на конечната листа од 23 на 26. На клупата ќе може да има 26 луѓе (15 замени и 11 официјални лица, од кои еден мора да е тимскиот доктор)“, се вели во објавата на ФИФА.
Првиот меч на Мундијалот ќе биде помеѓу Сенегал и Холандија во 13 часот по локално време.