Top Sport

ФИФА ги објави кандидатите за гол на годината

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и оваа година ќе ја додели наградата „Пушкаш“. Оваа награда ја добива фудбалерот кој го постигнал најатрактивниот гол во годината.

ФИФА оваа награда ја доделува во последните 12 години. Лауреати биле фудбалски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Нејмар и Златан Ибрахимовиќ, но и анономуси како Унгарецот Даниел Зори или Малезиецот Мохдо Фаиз Субри.

Оваа година во конкуренција за наградата „Пушкаш“ се наоѓаат 11 голови. Најзвучни имиња во оваа конкуренција се Луис Суарез и Сонг Хеунг-мин.

На овој линк, може да ги погледнете голови кои се номинирани за наградата.

Scroll to Top