Top Sport

ФИФА ги објави кандидатите за наградата „Тренер на годината“

Светската фудбалска федерација (ФИФА), во вторникот, на својата интернет страница ги објави имињата на тренерите што ќе конкурираат за освојување на престижната награда „Тренер на годината“, за 2018 година.

Со оглед на тоа дека оваа година се одржа Светското првенство, на листата има петмина селектори кои постигнаа забележителни резултати со своите репрезентации: На листата се и тренерите на клубовите кои триумфираа во Лигата на шампионите и Лига Европа, Зинедин Зидан и Диего Чоло Симеоне.

Тренери што се во конкуренција за трофејот во 2018 година: Масимилијано Алегри (Јувентус), Станислав Черчесов (Русија), Златко Далиќ (Хрватска), Дидие Дешам (Франција), Пеп Гвардиола (Манчестер сити), Јирген Клоп (ливерпул), Роберто Мартинез (Белгија), Герет Саутгејт (Англија), Ернесто Валверде (Барселона), Зинедин Зидан (Реал Мадрид), Диего Чоло Симеоне (Атлетико Мадрид).

Scroll to Top