Top Sport

ФИФА ги суспендираше поранешните шефови на Гуам, Никарагва и Венецуела

Светската фудбалска федерација (ФИФА) им даде доживотни суспензии на поранешните претседатели на фудбалските федерации на Гуам, Никарагва и Венецуела поради корупција.

Ричард Лаи (Гуам), Рафаел Есквивел (Венецуела) и Хулио Рока (Никарагва) сега нема да можат да извршуваат било какви фудбалски активности до крајот на животот. Лау беше под истрага кога тој пред суд во САД се изјасни како виновен за измама, додека Есквивел и Рока претходно имаа слични признанија во мај 2015 година. Сите се обвинети за доделување на ТВ-правата и маркетинг правата на фудбалски мечеви.

Ексвивел беше поранеше потпретседател на КОНМЕБОЛ, додека Рока е поранешен одговорен за развој на ФИФА. Лаи пак, е поранешен член на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

Scroll to Top